[ФОТО] Никогаш не би помислиле дека ова е помладата сестра на Грета Тунберг: 18+ позите се нејзина „специјалност“

Точка

12/06/2025

09:44

5.918

Големина на фонт

а а а

Додека Грета Тунберг се обиде да достави хуманитарна помош во Појасот Газа, поради што беше депортирана, нејзината помлада сестра Беата (Беа) исто така го привлекува вниманието на јавноста, но со сосема поинаква содржина.

Имено Беата тргнала по стапките на својата мајка, оперска пејачка, па го сака пеењето, а се интересира и за театар.


Меѓутоа таа често објавува и разголени фотографии и провокативни видеа на социјалните мрежи, покажувајќи ги своите музички вештини.


Од мали нозе настапува во шведски ТВ емисии

Претходно го користела презимето на нејзиниот татко, Тунберг, но во последно време се претставува како Беа Ернман, што значи дека го користи презимето на нејзината мајка.


Својот прв албум го нарекла „Old Habits“, а музичката кариера ја започна настапувајќи во шведски ТВ емисии. Привлекла големо внимание од јавноста и медиумите кога го извела својот сингл „Бара ду Вил“ во шоуто „Бинголото“, а претходно изгледала сосема поинаку.


Поради нејзината позната сестра, таа често добивала негативни коментари

Грета Тунберг се појави во јавноста во август 2018 година, кога го започна својот протест пред шведскиот парламент барајќи акција против климатските промени. Тогаш имала 15 години. Набрзо стана позната по организирањето на протестите „Fridays for Future“, поради што целото нејзино семејство беше изложено на коментари, а, како што рече Грета, тогаш 13-годишната Беа била најпогодена.


Инаку 19-годишната пејачка има АДХД, и иако понекогаш ѝ е тешко да се концентрира поради ова, тоа ѝ дава посебна енергија.