Една студија покажа зошто жените повеќе глумат оргазам отколку мажите и зошто таа навика никогаш нема да исчезне. Истражувачите ги анализирале податоците собрани на повеќе од 11 субјекти од шест европски земји со цел да утврдат кој најчесто глуми оргазам и зошто.
Резултатите од истражувањето, објавени во списанието „Journal of Sex Research“ , покажаа дека околу 13 отсто од мажите и жените глумат оргазам, 28 отсто го правеле тоа претходно, но потоа престанале, додека 51отсто од испитаниците изјавиле дека никогаш не глумиле оргазам. Но, кога станува збор за двата пола, жените се тие кои почесто глумат оргазам.
Само 8,59 отсто од испитаниците кои сѐ уште глумат оргазам се мажи, а 18,11 отсто се жени. Меѓу оние кои го правеле тоа во минатото, а потоа престанале, имало 18,74 отсто мажи наспроти 34,41 отсто жени. Од 51 отсто од испитаниците кои рекле дека никогаш не одглумиле оргазам, 65,79 отсто биле мажи, а 36,41 отсто жени.
„Откривме дека жените, геј популацијата, луѓето со повеќе сексуални партнери или луѓето кои имаат деца имаат поголема веројатност за глумење оргазам“, тврдат истражувачите. Тие, исто така, откриле дека на тоа влијае статусот на врската на една личност, како и тоа дали има или не играчки за возрасни.
Луѓето во отворени врски имаат поголема веројатност да глумат оргазам отколку оние во долготрајни врски, а студијата покажала дека оние кои почесто користат играчки за возрасни имаат поголема веројатност да глумат оргазам.
Од друга страна, оние жени кои глумеле оргазам биле помалку задоволни од статусот на нивната врска, сексуалниот живот и животот воопшто.
„Откривме дека глумењето оргазам е поврзано со помало сексуално задоволство, задоволство од врската и задоволство од животот. Во комбинација со резултатите дека околу 40 отсто од испитаниците глумиле оргазам во одреден момент од нивниот живот, ова укажува на тоа дека таквата постапка заслужува дополнително истражување за импликациите за среќата и благосостојбата на луѓето воопшто“, вели авторката на студијата Силвија Паван од Универзитетот во Копенхаген, за „Медикал експрес“ (Medical Xpress).
На прашањето зошто престанале да глумат, и мажите и жените изјавиле дека ја зголемиле и подобриле комуникацијата со своите партнери и развиле позадоволителен сексуален однос. Сепак, поверојатно е дека мажите кои престанале да глумат оргазам го решиле проблемот или целосно престанале да имаат секс, додека жените главно се откажале од живот без оргазам, не чувствувајќи повеќе потреба да го глумат.
Претходните истражувања ги опишаа женските оргазми како „биолошки недостижни“, што може да објасни зошто некои жени се со поголема веројатност да се откажат од тој потфат.
„Веруваме дека транспарентната комуникација со партнерот е клучна кога станува збор за доживување на задоволство со партнерот“, рече Паван за „PsyPost“. „Кога се гледа зошто луѓето престанаа да глумат оргазам, главната причина за прекин беше чувството дека им е поудобно да не го доживуваат, што укажува на промена на перспективата за очекувањата за секс и задоволство. Дополнително, отвореноста со партнерот за вашите желби и преференции и да се има партнер кој ги почитува тие беа наведени како причини за раскинување, што покажува дека транспарентната и активна комуникација меѓу две лица е клучна. Оргазмите се корисни за менталното здравје, а претходно беше утврдено дека го подобруваат и физичкото здравје, но и самиот секс има придобивки“, додава таа.