[ФОТО] Сите гледале во деколтето на Ева Лонгорија: Не мора да имате бујни атрибути за да издоминирате – таа го докажа тоа

Точка

29/04/2025

10:30

3.654

Големина на фонт

а а а

Ева Лонгорија во Мадрид добила традиционална награда за придонес во ибероамерикански филм. Таа носела прекрасен фустан за таа свечена вечер.

Актерката и продуцентка Ева Лонгорија Бастон позирала на црвениот тепих во црн фустан со широк крој, а истиот го красел длабоко деколте украсено со бисери.


Фризурата била комбинација од рамно фенирана и благо брановидна, а шминката комбинација на неутрални и посилни тонови.

Заводливо, атрактивно и свечено, а за целиот изглед да е таков придонеле и обетките кои биле со бисери како деколтето на фустанот.

Иако се мисли дека фустаните со деколте се „резервирани“ само за големи облини, сепак Ева докажала дека не е така. Важна е само вистинската мера и соодветен фустан за вашите атрибути.


Без оглед на тоа дали имате изразени облини или не, секогаш има начини да ја истакнете вашата убавина која никогаш не се сведувала на броеви, големини и слични детали.

Фустанот е одличен избор за дами со помали гради, а и за оние со слична висина на Ева Лонгорија која е висока 157 сантиметри.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Ева Лонгорија?