Терапевт открива 2 работи кои никогаш не треба да ги бараме од партнерот – во ова е клучот на среќна врска

Точка

02/05/2025

23:07

2.887

Големина на фонт

а а а

Во здрава врска клучно е да се почитува индивидуалноста на партнерот и односот да се гради на меѓусебно разбирање и почитување.

Иако компромисите се неизоставен дел од секој романтичен однос, постојат одредени барања кои можат да ја нарушат довербата.

Психологот и терапевт Џефри Бернштајн предупредува на две чести грешки кои паровите ги прават кога нешто бараат еден од друг.

1. Не барајте од партнерот да биде некој којшто не е

Поттикнувањето на партнерот на личен раст и развој е позитивно, но инсистирањето на тоа да ја смени својата суштинска природа може да донесе повеќе штета од корист.


„На пример, доколку некој е интроверт и ужива во мирни вечери дома, додека неговиот партнер сака излегувања со пријателите, постојаното форсирање на промени може да доведе до чувство на неприфатеност. Кога партнерот чувствува дека мора да се менува за да биде сакан, тоа ќе ја загрози сигурноста на врската“, објаснува Бернштајн.

Наместо притисок, клучно е да ја пронајдете рамнотежата.

2. Не барајте од партнерот да бира меѓу вас и луѓето кои ги сака

Поставувањето ултиматум, како барање од партнерот да прекине контакт со пријатели или членови од семејството, сигурно и сериозно ќе ја наруши довербата меѓу вас.

„Принудувањето на партнерот да биде меѓу вас и другите важни луѓе во неговиот живот може да предизвика незадоволство кај него. Дури и ако се согласи, голема е веројатноста дека ќе чувствува бес или жалење, што може да создаде дополнителни проблеми во врската“, истакнува Бернштајн.

Наместо ултиматум, искрениот и смирен разговор ќе помогне во наоѓање решение кое ќе ги задоволи и двете страни.


Клучот на среќна врска

Љубовта најдобро успева во опкружување на прифаќања, почит и здрава комуникација. Наместо партнерот да го ставате пред тешки избори или да го принудувате на промени, фокусирајте се на меѓусебно разбирање, компромиси и отворен разговор.