Ивана Ѓуровиќ, дипломиран диететичар и нутриционист открива кои природни сокови го чистат црниот дроб и поволно влијаат на него.
Црниот дроб има важна улога во метаболизмот со кој извршуваме многу функции, вклучувајќи ги и детоксикацијата, одложување на гликогенот и произведувањето крв.
Од здравјето на црниот дроб зависат и состојби на целиот организам, нагласуваат експертите. А, Ивана открива кои природни сокови го чистат црниот дроб и поволно влијаат на него.
На првото место е сокот од морков, особено доколку имате мастен црн дроб.
„Сокот од морков е одличен за црниот дроб и треба да го консумирате често. Исто така нашиот црн дроб сака лимон, мед од костени, домат, цвекло... Овие намирници треба да ги консумирате во период од три седмици така што ќе постигнете регенерација на црниот дроб. Спанаќот јадете го почесто како салата“, вели Ѓуровиќ.
Црниот дроб се наоѓа во десниот горен дел од стомакот. Тој има три страни – горна, која е испапчена, долна која лежи на дебелото црево и желудникот и задна која е до дијафрагмата. Спојот на горната и долната страна претставува раб на црниот дроб кој лесно се чувствува кога е зголемен или спуштен.
Исто така нутриционистката додава дека за црниот дроб одличен е и сокот од ротквичка, па истакнува дека дневно дозволено е да се напиете по една кафена лажица од овој сок.
Сокот од свежи листови зелка исто така е многу делотворен.
„Моја препорака се и сувите сливи т.е. компот д суви сливи. Се подготвуваат така што 10 минути ги варите сливите. Јадете ги три пати дневно, по 10 варени сливи, 15 минути пред јадење. Процесот трае 12 дена, а влијае врз исфрлање на мастите од црниот дроб“, објаснува Ивана.
И кромидот е одличен како намирница за правилно функционирање на црниот дроб.
„15 лажици ситно исечкан кромид, шест лажици мед и 2 лажици пелин прелијте ги со еден литар бело вино, протресете и консумирате по една лажица пред оброк“, споделила уште еден рецепт нутриционистката.