[ВИДЕО] Сочно пилешко во тоскански стил: Рецепт од срцето на Италија

Точка

02/05/2025

16:19

1.690

Големина на фонт

а а а

Пилешкото подготвено на тоскански начин е многу сочно, во фин бел сос, со домати и спанаќ.

Овој рецепт доаѓа од италијанскиот регион Тоскана, позната по својата кујна.

Рецептот содржи оригано, кое е богато со флавоноиди, антиоксиданси и есенцијални масла, кои имаат бројни здравствени придобивки. Содржи значителна количина на протеини, има ниска калорична вредност и е богато со витамини А, Е, К и Ц.


Потребни состојки:

• 4 пилешки филети;

• 1 лажичка микс од сушени зачини (оригано, мајчина душица);

• 1 лажичка сол;

• ½ лажичка бибер;

• 3 лажици маслиново масло;

• 4 чешниња лук;

• 40 гр жолт кромид;

• 60 гр сушени домати, исечкани;

• 60 гр млад спанаќ;

• 400 гр павлака за готвење;

• 30 гр пармезан.


Подготовка:

Зачинете ги обете страни од секое пилешко филе со зачини, сол и бибер. Загрејте голема тава со малку маслиново масло. Додадете го пилешкото, пржете го 3 до 4 минути од секоја страна и префрлете го на чинија. Во зависност од дебелината на месото оценете дали ќе ви треба дополнителна минута.

Во истата тава, додадете уште една лажица масло и ситно исечкан кромид. Гответе 2 до 3 минути, додека кромидот не омекне. Додадете ги сушените домати и многу ситно сечканиот лук и гответе уште една минута, додека не замирисаат. Додадете го спанаќот и гответе уште една минута. Потоа додадете ја павлаката и ренданиот пармезан, промешајте и оставете да зоврие.

Вратете го пилешкото во тавата и гответе додека не се загрее, околу 5 минути.