[ФОТО] Купувачите полудеа по новата "Mazda"

Точка

28/04/2025

17:39

1.601

Големина на фонт

а а а

Многу традиционални производители на автомобили тешко го следат експлозивниот раст на кинеските "EV" стартапи, но "Mazda" докажува дека сè уште може да изненади.

Јапонската марка во Кина го претстави сосема новиот електричен "SUV" – "EZ-60", кој веќе привлече огромно внимание и над 10.000 преднарачки за рекордно кратко време.

За разлика од моделите што "Mazda" ги продава ширум светот, "EZ-60" е развиен во соработка со кинескиот производител "Changan" и ја дели платформата со моделот "Deepal S07".


Сепак, "Mazda" му даде препознатлив јапонски стил, подготвувајќи го за глобални испораки. Надвор од Кина, "EZ-60" ќе се продава под ознаката "CX-6e".

Според пишувањето на сајтот "CarNewsChina", "Mazda" собра точно 10.060 преднарачки за само 48 часа по премиерата, пренесува "CarScoops".


Важно е да се напомене дека преднарачката не значи и конечна купопродажба – заинтересираните купувачи уплаќаат симболичен депозит од 10 јуани (околу 1,40 долари) и не се обврзани да го купат возилото. Оваа пракса е вообичаена во индустријата, но крајниот процент на реализирани купувања останува непознат.

На саемот за автомобили во Шангај, "Mazda" го прикажа "EZ-60" во верзија со продолжен дострел. Возилото користи 1,5-литарски атмосферски четирицилиндричен мотор како генератор за полнење на батерија со капацитет од 31,7 kWh. Батеријата го напојува електромоторот кој ја пренесува силата на задната оска и развива 255 коњски сили.


Спецификациите на целосно електричната верзија сè уште не се објавени, а останува да се види како пазарот ќе реагира кога "Mazda" ќе ја претстави и таа варијанта.