[ФОТО] Новиот луксузен комбе на "Mercedes" изгледа како да пристигнал од иднината

Точка

22/04/2025

13:02

1.911

Големина на фонт

а а а

Концептот "Vision V" е најава на иднината која "Mercedes" ја подготвува.

Кога последен пат сте виделе концепт за комбе? Веројатно одамна, но луксузните комбиња сè уште не се минато – "Mercedes" има намера да ги крене на сосема ново ниво.

Пред вас е "Vision V" – возило што може да ја претставува иднината на ултралуксузното патување во стилот на "Mercedes".

Овој концепт беше претставен на автомобилскиот саем во Шангај, каде "Mercedes" го промовира како вистинско луксузно возило.


Според официјалното соопштение, "Vision V" е „врв на луксузот и елеганцијата кај мултифункционалните возила (MPV), со цел да ги надмине и највисоките очекувања на клиентите“.

Во ентериерот нема вински фрижидер – нешто за што можеби "Rolls-Royce" би имал забелешка – но, од друга страна, "Rolls-Royce" не произведува комбиња.

"Vision V", сепак, располага со огромен 65-инчен 4K екран кој се извлекува по потреба, придружен со "Dolby Atmos surround" систем со 42 звучници – совршен за филмови или видеоигри.


Ако и тоа не е доволно, седиштата се опремени со уреди за тактилна повратна информација, кои вибрираат синхронизирано со аудиото што го слушате.

Очигледно, иднината на луксузното патување повеќе личи на домашна забава, отколку на попладневна дремка.

Сепак, ако сакате да дремнете – можете. Стаклена преграда го одвојува „lounge“ просторот од возачкиот дел, и може да се направи проѕирна или мат, зависно од потребата за приватност.


Седиштата се електронски прилагодливи и конфигурабилни, а амбиентот се збогатува и со рафиниран парфем во шишенце, кој го надополнува сетилното искуство.

За оние кои претпочитаат посмирена забава, тука е и вграден сет за шах.

Однадвор, комбето изгледа прилично блиску до сериско производство.


„Вселенските“ седишта и изобилството на бела боја и понатаму доминираат, но сето тоа е урамнотежено со големиот „Superscreen“ дисплеј на "Mercedes", кој се протега низ целата контролна табла.

"Vision V" не е некој апстрактен автономен концепт од далечна иднина – напротив.

"Mercedes" го претставува како вовед во новата модуларна платформа за електрични возила "VAN. EA" (Van Electric Architecture), која ќе биде лансирана во 2026 година.


Засега нема конкретни податоци за погонот, освен што се знае дека станува збор за електрично возило, ниту дали дизајнот ќе биде пренесен во целост во сериското производство.

Но едно е сигурно – ова го означува почетокот на нова ера во луксузниот патнички превоз кај "Mercedes" – и кај комби возилата воопшто.

"Vision V" концептот е изложен на актуелниот саем „Auto Shanghai“, кој се одржува во Шангај, Кина, до 2 мај.