Дизајнерскиот оддел на "Škoda" претстави современа интерпретација на легендарниот мотоцикл "Slavia B" од 1899 година, комбинирајќи го богатото наследство на брендот со модерниот дизајнерски јазик „Modern Solid“.
Концептот го разви францускиот дизајнер Ромен Букај, кој инаку работи на надворешниот дизајн на автомобили. „Сакав да создадам нешто уникатно и да се вратам на корените на брендот. Бидејќи обожавам мотоцикли, ова беше освежувачка промена“, објаснува Ромен.
"Laurin & Klement" како инспирација
И покрај електричната визија, концептот го задржува препознатливиот облик на рамката од оригиналниот "Laurin & Klement" мотоцикл. „Имаше специфичен дизајн – рамката го обвиваше моторот и се спушташе пониско од остатокот од конструкцијата“, вели дизајнерот.
Оригиналната "Slavia B", претставена во 1899 година, имала воздушно ладен едноцилиндарски мотор со зафатнина од 240 кубни сантиметри, со моќност од 1,75 коњски сили и максимална брзина од 40 км/ч. Помеѓу 1899 и 1904 година биле произведени вкупно 540 примероци.
Историја и иднина во едно
Футуристичката верзија истовремено оддава почит на спортското наследство на оригиналот, на кој возачот Нарцис Подседничек во 1901 година единствен успеал да ја заврши тешката трка Париз – Берлин. „Сакав да ги нагласам тие спортски квалитети. Седиштето изгледа како да лебди, а додадов и винтиџ елемент со кожна алатница интегрирана во рамката“, заклучува Ромен.