Пророкот на пропаста. Така е наречен Нострадамус откако во својата книга „Пророштва“ успеал да предвиди некои клучни моменти во историјата на човештвото, како 11 септември, подемот на Адолф Хитлер, големиот пожар во Лондон и други страшни настани.
А што, да потсетиме, предвидел Нострадамус за 2025 година – сè е во тој тон, во тон на пропаст.
„Европските земји ќе бидат вовлечени во страшни војни. Се враќа древната чума која ќе биде полоша од кој било непријател. Темни облаци ќе го покријат небото. Оваа година ќе биде потешка од претходната“, според оние кои ги проучувале неговите дела, во пророштвата на Нострадамус за 2025 година …
Неговите пророштва, напишани на таков начин што можат да се толкуваат на многу начини, сè уште се дебатираат и денес. Сè уште има такви кои веруваат дека овој човек гледал далеку во иднината, додека повеќето гледаат на сето ова гледаат како на еден вид забава … Морбидно, но сепак забавно …
Катастрофи и огнена топка од небото
Неговите пророштва, напишани на таков начин што можат да се толкуваат на многу начини, сè уште се дебатираат денес. Сè уште има такви кои веруваат дека овој човек гледал далеку во иднината, додека повеќето гледаат на се како некаква забава … Морбидно, но сепак забавно …
Катастрофи и огнена топка од небото
Нострадамус предвидел големи поплави за 2025 година, такви кои ќе ги уништат крајбрежните градови и ќе остават милиони без покрив над главата. Некои од неговите записи протолкувале дека Бразил ќе биде земјата која најмногу ќе настрада од природни катастрофи.
Едно од најчестите толкувања на стиховите на Нострадамус за 2025 година се однесува на природни катастрофи. Постојат референци за „земјотреси“, „поплавени реки“ и „пожари од небото“, кои многумина ги поврзуваат со ескалација на климатските промени.
Едно предвидување се однесува на можен удар на астероид, наречен „Гласник на судбината“. Нострадамус опишува „огнена топка од небото“ која би можела да ја загрози Земјата, пишувал „NI Post“.
„Огнена топка доаѓа од вселената. Тоа е предвесник на судбината, светот се моли“, наводно напишал Нострадамус.
Пророштвата на Нострадамус за 2025 година, исто така, вклучуваат предупредувања за економска нестабилност. Се споменуваат „кожни пари“, кои некои ги толкуваат како показател за финансиска криза, инфлација или промени во економските системи. Тука е и предупредување за „губење на богатство преку ноќ“ …
Долго чувани тајни и почеток на нова ера
Едно од предвидувањата се однесува на подемот на „Водената империја“. Нострадамус пишува за „владетелот од длабочините“ и „царствата кои ќе паднат“. Нострадамус предвидел и големи откритија во областа на квантната физика, велат толкувачите.
„Кога ќе го постигнеме тоа, луѓето ќе можат да комуницираат со повисоки облици на интелигенција. Ова е судбината на човештвото“ пророкувал Нострадамус.
Исто така најавил и дека во 2025 година ќе излезат на виделина долго чуваните тајни. Теоретичарите на заговор би можеле да имаат дојдат на своето.
„Тоа ќе го промени текот на историјата, ќе биде почеток на нова ера – толкуваат различни поддржувачи на делата на Нострадамус, кои исто така тврдат дека во 2025 година повторно ќе почне да се цени некоја „древна мудрост“.
Во своите предвидувања за 2025 година, според оние кои ја проучувале неговата работа, тој го споменува и падот на западното влијание и подемот на нова светска мегасила. Некои се сигурни дека се однесува на Индија, други сè уште посигурни дека се однесува на Кина …
За 2025 година, Нострадамус предвидел и глобален недостиг на храна, нови религиозни движења и масовни миграции поради војните и климатските промени.
Генерално, не многу добри работи.