[ФОТО] Интернетот „гори“ поради изборот на новиот папа: „Трамп мора да е лут. Американски папа, а не е тој“

Точка

08/05/2025

21:29

1.007

Големина на фонт

а а а

Новиот папа е Американецот Роберт Франсис Превост. Тој го избра името папа Лав XIV.

Изборот веднаш предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, фокусирајќи се на фактот дека тој е првиот Американец избран за папа.

„Кажете ми само дека Трамп не платил за да биде Американец“, „Уф, Американец …“, „Готови сме, американски папа“, „Трамп мора да е лут. Американски папа, а не е тој“, „Папа Боб, кој би помислил …“, се шегуваат луѓето на социјалните мрежи.

Да потсетиме, неодамна на интернет се прошири AI фотографија на која е прикажан Доналд Трамп како папа. Фотографијата прво се појави на неговиот „Truth Social“ профил, а потоа и на официјалните профили на Белата куќа на „X“ и „Instagram“.


Кој е Роберт Превост?

Поголемиот дел од својот свештенички живот го поминал надвор од САД, најмногу во Перу, каде што бил парохиски свештеник, професор и бискуп.

Кој е новиот папа Лав XIV?


69-годишниот Роберт Превост бил префект на Дикастеријата за бискупи, една од највлијателните позиции во Ватикан. Според аналитичарите, Превост е умерен, способен за дијалог и поврзување на различни струи внатре во Црквата. Неговиот стил и приоритети се блиски до реформскиот дух на папата Франциско, поради што ја уживаше поддршката на дел од кардиналите кои сакаат континуитет. „Гардијан“ напиша дека Превост е „ѕвезда во подем“ и го цитираше католичкиот весник „Крукс“ кој вели дека Превост „е познат по својата силна процена и умешни вештини за слушање“.