[ВИДЕО] Свештеник ги „запрепастил“ младенците Кристијан и Валентина: Погледнете го потегот кој следувал по „амин“

Точка

07/05/2025

19:19

4.633

Големина на фонт

а а а

Невообичаениот потег на свештеникот ги воодушевил гостите на свадбата во Италија.

По правило, венчавките се најемотивните моменти за младенците, но понекогаш се случува нешто сосема неочекувано што дури и нив самите ги засенува. Истото се случило и на една свадба во Италија, кога свештеникот ја презел главната улога со микрофонот в рака.

Додека Валентина и Кристијан го кажувале судбоносното „да“, Дон Бруно решил да внесе момент на забава во свечената атмосфера. Имено во еден момент тој ја запеал популарната италијанска песна „Mamma Maria“, хитот на групата „Ricchi e Poveri“ и отогаш свадбата станала вистинска прослава.

Watch on TikTok


Дон Бруно ги развеселил сите присутни, а младенците не го криеле воодушевувањето. На крајот од неговиот мини-настап, свештеникот гласно извикал „Да живеат младенците!“ и ги прегрнал како да се дел од неговото семејство. Снимката набрзо ги преплави социјалните мрежи, а коментарите беа главно позитивни. Многумина изразија надеж дека црквата ќе има повеќе вакви отворени и пристапни свештеници.

Меѓутоа, сите не беа воодушевени. Некои корисници на социјалните мрежи веруваат дека ваквото однесување е несоодветно, додека други истакнаа дека дури и папата Франциско, познат по својот опуштен пристап, не би постапил на ваков начин. Едно е сигурно – Дон Бруно остави силен впечаток, а венчавката на Валентина и Кристијан долго ќе се раскажува.