[ВИДЕО] Момче си играло со телефонот на мајка му – Кришум нарачало 70.000 лижавчиња

Точка

07/05/2025

21:00

28.992

Големина на фонт

а а а

Жителката на Лексингтон во Кентаки, Холи Лафаверс, била запрепастена кога на нејзиниот праг пронашла 30 кутии со лижавчиња, а секоја содржела 2.340 слатки.

Таа раскажала дека син ѝ си играл со нејзиниот мобилен телефон и тајно нарачал 70.000 лижавчиња на Амазон, со вкупна вредност од околу 4.200 долари (околу 3.695 евра).

„Не можев да си поверувам на сопствените очи! Мислев дека е грешка“, изјави таа за локалните медиуми. Нејзиниот син Лиам, кој е ученик во второ одделение, признал дека додека играл игри на телефонот на мајка му, нарачал лижавчиња.


Секоја кутија лижавчиња чинела 130 долари, што значи дека вкупното купување на Лиам изнесувало приближно 4.200 долари.


Продавање лижавчиња

Амазон ѝ дозволил на Лафаверс да врати осум од триесетте кутии, а во меѓувреме таа се обидела да ги продаде останатите на пријателите и соседите. Но, подоцна таа објави на социјалните мрежи дека, по „долг ден преговори со банката и разговори со неколку телевизиски станици“, Амазон ја контактирал и се согласил да ѝ го врати целиот износ на купувањето.


„Ви благодарам на сите што се понудивте да купите кутија за да нѝ помогнете. Со задоволство ќе ви го доставам она што сте го „нарачале“ или ќе го донирам на добротворна организација по ваш избор“, напиша Холи.