Побрзо стигнувате со воз отколку со авион: Во оваа европска земја тоа е возможно

Точка

03/05/2025

17:06

4.521

Големина на фонт

а а а

Патувањето со воз на кратки релации во Франција станува сè попопуларен избор – не само затоа што е поевтино и поеколошки, туку и затоа што често е побрзо од летањето. Благодарение на одличната железничка мрежа и централно лоцираните станици, возот од Рен до Париз пристигнува за 1 час и 44 минути, додека на авионот за истата рута му требаат повеќе од три часа.

Во Франција, во 2023 година беше воведена забрана за домашни кратки летови за линии што имаат железничка алтернатива пократка од два и пол часа.

Според новата анализа патувањето со воз е побрзо од летањето на некои пократки релации во Франција. Иако оваа мерка првенствено била воведена за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, се покажа дека возот не само што е поеколошки, туку честопати и поевтина и побрза опција.


Истражувањето на компанијата „Trainline“, кое спореди пет домашни линии на кои се очекува наскоро укинување на авионските летови, откри дека на одредени меѓуградски линии, патувањето со воз е речиси двојно побрзо отколку со авион.

Податоците покажуваат дека патувањето со воз на релации пократки од два и пол часа во Франција може значително да го намали вкупното време на патување.


Компанијата за резервации на железнички карти „Trainline“ користела сопствени податоци за да го пресмета времетраењето и цената на патувањата со воз, додека за воздушните летови биле користени податоци од страницата за споредба на авиобилети „Skyscanner“.

Разликата во времето на патувањето првенствено се огледа во фактот дека патувањето со воз значи избегнување на долгите безбедносни проверки и времето на чекање што се вообичаени при летањето.

„Иако самото времетраење на летот честопати изгледа поповолно, тоа не го одразува вистинското времетраење на патувањето со авион, кое вклучува пристигнување на аеродромот, чекање за качување и безбедносни проверки, како и можни доцнења поради контрола и пријавување“, се вели во соопштението на „Trainline“.


Истражувањето покажало дека на некои долги релации во Франција, патувањето со воз може да се заврши речиси двојно побрзо отколку со авион.

Франција покажува како изгледа одржливата мобилност

Патувањето помеѓу Рен и Париз трае дури 3 часа и 21 минута со авион, додека со воз истата рута се поминува за само 1 час и 44 минути.

Истото важи и за линијата Париз-Лион – со авион патувањето трае 3 часа и 37 минути, а со воз 2 часа и 11 минути. Истражувањето на „Trainline“ покажува дека патувањето со воз во Франција не само што заштедува време и пари, туку и драстично ги намалува емисиите на штетни гасови – до 150 пати помалку во споредба со авион.