Без оглед на тоа дали сте родители кои очекуваат бебе или не, постои нешто што е толку забавно, а се нарекува набљудување на трендовите за имиња на бебиња во текот на годината. Па, кои се најчеститие избори?
Интересна мапа со имиња неодамна се појавила на социјалните мрежи, а истата ги открива најпопуларните имиња за бебиња.
Имињата со верско значење моментално доминираат меѓу најпопуларните на светот. Изведенките Марија, Мари и Миа кои потекнуваат од хебрејското Мириа, се најпопуларни имиња во 17 земји.
Тимот истражувачи открил дека странците сметаат дека познатите имиња се подопадливи и лесно се изговараат. Меѓутоа, единствено името е тоа што може да направи детето да ја истакне својата единственост.
Според мапата, најчестото име кое родителите им го даваат на девојчињата во Македонија е Јана, додека пак на момчињата Лука.
Името Јана е доста популарно во Македонија и често се среќава. Се користи низ целата земја и е дел од традиционалните имиња кои се пренесуваат од генерација на генерација. Најчесто се смета дека е кратка форма од имињата Јована или Јулијана, кои имаат хебрејско, односно латинско потекло. Името Јована значи „Бог е милостив“, додека пак Јулијана е поврзано со римскиот клан Јулиј и може да значи „млада“, „мека коса“. Затоа, Јана често се толкува како „Божја милост“ или „млада“.
Името Лука потекнува од христијанската традиција, а се верува дека има и грчко потекло. Изведено е од грчкиот збор „лукс“ што значи светлина, сјај, блескавост, ден, нешто што сјае.
Но, така често се означувале и жителите на Луцијана, област во Италија, кои се нарекувале Луканци поради што не се знае точно дали името Лука оригинално настанало во грчкиот или латинскиот јазик од каде било пренесено во христијанската религија.
Во другите земји во Европа особено популарно машко име е Ноа, но и Лео и Александар.