Мама ѝ кажала на ќерката дека може да гледа ТВ ако ги среди играчките – реакцијата на девојчето ги воодушеви сите

Точка

02/05/2025

22:32

2.346

Големина на фонт

а а а

Мама по име Алис Ново сподели емотивен момент со својата ќеркичка на "TikTok". Алис го прашала девојчето дали сака да гледа телевизија, а кога тоа одговорило потврдно, мајката ѝ кажала дека може – но само откако ќе ги среди сите свои играчки.

Малата со радост го прифатила предизвикот и веднаш почнала да ги собира играчките и да ги реди на нивно место. Алис го снимала целиот процес и го споделила видеото со цел да покаже на другите родители дека и со мали деца може да се договара и постигне компромис.

Во овој случај, сите беа задоволни – девојчето доби дозвола да гледа телевизија, а мајката успеа да ја мотивира ќерка ѝ да ги среди играчките.

Слаткото видео насмевна илјадници "TikTok" корисници, а многумина ја пофалија послушноста на девојчето, велејќи дека подобро реагирала од многу постари деца.

„Како е само добра, воопшто не се побуни“, „Ова е сонот на секој родител“, „Душичка мала, преслатка е!“, „Кога барем моите синови вака би реагирале кога ќе им кажам да ги средат играчките“, „Браво за мама и тато. Што и да правите – очигледно функционира, супер работа!“, беа само дел од коментарите под видеото.

@alyse.novo GUYS THE TOOTH LMAO. also yes I live near an airport. 😅 . #toddler #toddlersoftiktok #toddlermom #funny #funnyvideos #fyp ♬ original sound - Alyse Novo