Тајгер Вудс и Ванеса Трамп во врска? Се зборува дека се гледаат со месеци

Точка

14/03/2025

10:42

1.079

Големина на фонт

а а а

Познатиот голфер Тајгер Вудс започнал врска со Ванеса Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп Џуниор, открива "Daily Mail". Вудс (49) и Ванеса Трамп (47), кои и двајцата живеат на Флорида, се заедно од Денот на благодарноста, а четири извори потврдиле дека се во врска.

Целото семејство Трамп знае

Двајцата живеат на оддалеченост од околу дваесетина минути еден од друг, во луксузното подрачје на јужна Флорида, Палм Бич. Минатиот месец биле видени заедно на еден голф-турнир. Најстарата ќерка на Ванеса, Каи (17), како и децата на Вудс, Чарли (16) и Сем (17), посетуваат исто елитно приватно училиште, каде што школарината изнесува 38.595 долари годишно.

Според зборовите на еден извор, сите членови на семејството Трамп знаат за оваа нова врска. „Точно е, Тајгер и Ванеса се гледаат од Денот на благодарноста. Таа доаѓа кај него на Јупитер Ајленд, но не живеат заедно. Го посетува неколку пати неделно“, вели изворот. „Најмногу сакаат да поминуваат време дома, заедно да вечераат и да уживаат во разговори. Засега одлучиле да не ја објавуваат врската во јавност. Барем засега“, додава тој.


Каи Трамп сонува за професионална голф-кариера

Ванеса на 15 март 2018 година поднесе барање за спогодбен развод со Дон Џуниор во Њујорк. По разводот, не беше поврзувана со ниту една позната или јавно експонирана врска. Доналд Трамп Џуниор остана близок советник на својот татко и презеде дел од семејната деловна империја. Нивната ќерка Каи и синот на Вудс, Чарли, и двајцата сонуваат за професионална голф-кариера, а изгледа дека двете семејства сè повеќе се зближуваат.

Минатиот месец, Вудс и Ванеса биле видени заедно на "Genesis Invitationa"l турнирот на "PGA Tour" во Калифорнија. Каи, која веќе договорила да игра голф за Универзитетот во Мајами од следната година, носела облека од модната линија на Вудс. Во меѓувреме, поранешниот американски претседател Доналд Трамп минатиот месец исто така играше голф со Вудс.

По разводот со Ванеса, Доналд Трамп Џуниор беше во долга врска и свршен со поранешната водителка на "Fox News", Кимберли Гилфојл, која сега е амбасадорка на претседателот Трамп во Грција. Сепак, во септември минатата година се појавија фотографии на Дон Џуниор со Бетина Андерсон, која е дел од високото општество.


Скандалите на Тајгер Вудс

Инаку, Тајгер Вудс, некогашниот крал на голфот, доживеа огромен пад на угледот во 2009 година кога избувна еден од најголемите сексуални скандали во спортот. Јавноста дозна за неговата серија вонбрачни афери. Медиумите тогаш открија дека Вудс ја изневерувал својата тогашна сопруга, Елин Нордегрен, со десетици жени, меѓу кои келнеркии, манекенки и порно-актерки.

Скандалот доведе до развод и загуба на бројни спонзорски договори вредни милиони долари. Вудс се повлече од голфот на некое време, а потоа јавно ги призна своите неверства и зависноста од секс, поради што престојуваше на рехабилитација. Иако подоцна се врати на спортските успеси, неговиот приватен живот и понатаму редовно ги полни насловните страници на таблоидите.