Ливерпул остана без четвртфиналето во Лигата на шампионите, но веќе мора да се фокусира на новиот предизвик на домашен терен.
Се работи за финалето на Карабао купот, можност за прв трофеј сезонава за „црвените“ и тоа во дуел со квалитетен ривал каков што е Њукасл.
Менаџерот Арне Слот денеска зборувал за повредата на Трент Александер-Арнолд и неговите очекувања за должината на паузата.
– Трент не е достапен за нас во моментов и нема да игра во финалето.
– Се уште не е јасно колку долго ќе паузира, но јас очекувам дека ќе се врати пред крајот на сезоната, – рекол Слот.
Натпреварот Ливерпул-Њукасл се игра во недела од 17:30 часот.