[ВИДЕО] Да ти застане срцето! Вака познатиот тренер од Лигата на шампионите зборуваше за загубата на својата ќерка: ’Дали сум среќен?‘

Точка

14/03/2025

14:23

2.035

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике го трогна светот посветувајќи ја победата на ПСЖ на својата почината ќерка Ксана. Неговата приказна за загубата и љубовта предизвика силни емоции низ фудбалскиот свет.

Луис Енрике (54) ја посвети победата на неговиот ПСЖ против Ливерпул на својата прерано почината ќерка Ксана. Таа почина на само девет години, во 2019 година, губејќи ја битката со остеосаркома, редок и агресивен рак на коските. Како доказ дека таа засекогаш останува со него, Енрике во 2024 година основа фондација која го носи нејзиното име.

Помалку од година откако стана селектор на шпанската репрезентација, Енрике привремено се повлече од функцијата поради приватни причини. Неколку месеци подоцна, се откри дека причината е болеста на неговата ќерка, со која сакал да помине што е можно повеќе време.

Во документарниот филм „You Haven’t Got a Clue“, Енрике емотивно говори за трагедијата што ја погоди неговата фамилија. Во еден дел од документарецот нагласува дека таа можеби физички не е со нив, но духовно е секогаш присутна.

„Дали се сметам за среќен или несреќен? Сметам дека сум почестен, многу почестен … Мојата ќерка Ксана живееше со нас девет прекрасни години“, вели Енрике во емотивниот исечок што масовно се споделува на социјалните мрежи.

Сподели и дека неговата сопруга не може да ги гледа фотографиите на Ксана поради големата тага. Тој ѝ рекол дека мора да ги има нејзините слики со себе, за да се сеќава на нејзиниот живот и да ја чувствува нејзината присутност.

По смртта на Ксана, сите клубови каде што Енрике играл или работел му дадоа поддршка, а меѓу нив беше и Лука Модриќ, кој јавно му изрази сочувство. За време на Светското првенство во Катар, на денот кога Ксана требаше да наполни 13 години, Енрике ѝ посвети објава, покажувајќи дека таа засекогаш останува дел од него.


„Таа засекогаш ќе остане наша ѕвезда водилка“, изјави Енрике во 2019 година, најтешката година за него.

По објавувањето на документарецот, приказната за шпанскиот тренер го трогна целиот фудбалски свет. Навивачите на ПСЖ, но и на други клубови, му дадоа огромна поддршка, посакувајќи му триумф во Лигата на шампионите.

„Никогаш во животот не сум посакувал нешто повеќе од тоа Енрике да ја освои Лигата на шампионите“, напиша еден навивач.

„Имам деветгодишна ќерка и овој документарец ме скрши. Каков голем човек“, додаде друг.