Глазгов Ренџерс обезбеди место во четвртфиналето на Лига Европа, откако по подобро изведување на пенали го елиминираше Фенербахче. Шкотите славеа 3:1 во Истанбул, но Фенербахче возврати со победа од 2:0 во Глазгов. Двата гола за турскиот тим ги постигна Себастијан Шимански, првиот при крајот на првото полувреме, а вториот во 74. минута, со што ја анулираше предноста на Ренџерс од првиот меч.
До крајот на натпреварот имаше уште неколку шанси, а најголемата ја промаши Јусеф Ен Несири, кој во 94. минута од одлична позиција ја испрати топката над голот. Во продолженијата немаше голови, па победникот се решаваше на пенали. Херој на вечерта беше голманот на Ренџерс, Џек Батланд, кој ги одбрани ударите на Душан Тадиќ и Фред, додека Мерт Јандаш шутираше надвор од голот.
Rangers at home to Fenerbahce tonight:
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) March 13, 2025
"Keep woke foreign. Ideologies out. Defend Europe" pic.twitter.com/3TKpEfAxsp
Навивачите на Ренџерс: „Оставете ја woke идеологијата во странство“
На спротивната страна, голманот на Фенербахче Ирфан Џан Егрибајат, кој доби предност пред Доминик Ливаковиќ, го одбрани ударот на Јанис Хаџи. За Ренџерс беа прецизни Таверниер, Черни и Лоренс, додека за Фенербахче погодија Џеко и Џику. Во четвртфиналето, шкотскиот тим ќе се соочи со Атлетик Билбао, кој по пресврт ја елиминираше Рома.
На овој натпревар се појави и транспарент од навивачите на Ренџерс со порака „Keep woke foreign“, што во приближен превод на македонски би значело „Оставете ја woke идеологијата во странство“.
Транспарентот бил дополнет со пораките „Идеологиите надвор“ и „Одбранете ја Европа“.