Раниери за несекојдневниот потег при поздравот со Валверде: Му реков да ми се јави

Дерби

14/03/2025

13:00

479

Големина на фонт

а а а

Рома вчера беше поразена на гостувањето кај Атлетик Билбао и доживеа елиминација во Лига Европа, па тренерот Клаудио Раниери и неговите играчи сега ќе се фокусираат на натпреварите во Серија А и домашниот Куп.

„Волчицата“ застана во осминафиналето на престижното европско натпреварување, а при вообичаениот поздрав со противничкиот тренер, Раниери направи невообичаен потег, давајќи му мистериозно ливче на Ернесто Валверде.

Новинарите не пропуштиле да го прашаат искусниот стручњак каква порака му испратил на шпанскиот колега.

– Ние сме многу добри пријатели, а јас го загубив неговиот телефонски број.

– Му реков, земи го ова (мојот број), треба да разговараме. Тој знае многу шпански фудбалери кои би биле интересни за Рома, затоа го направив потегот пред сите, – рекол Раниери.