Македонка меѓу најдобрите во светот: Вероника Костовска со нови успеси!

Точка

14/03/2025

11:01

1.173

Големина на фонт

а а а

Младата и талентирана каратистка Вероника Костовска повторно го покажа својот шампионски дух и ја потврди својата елитна позиција на меѓународната сцена! Изминатата недела, на Балканското првенство за сениори во Будва, Црна Гора, таа успеа да се истакне меѓу најдобрите и да го освои сребрениот медал, станувајќи балкански вицешампион.

Овој успех е само уште една потврда за нејзината дисциплина, посветеност и стратегиски пристап кон спортот. За Вероника, врвните резултати не доаѓаат само со напорни тренинзи – туку и со правилна исхрана, баланс и ментална сила. Токму затоа, нејзин неизоставен сојузник е Виталиа, која ѝ овозможува да биде во најдобра форма, пред и за време на натпреварите.


Но, ова е само почеток! Овој викенд, Вероника ќе настапи на Светската Премиер Лига во Кина, елитно натпреварување каде што учествуваат само најдобрите 32 каратисти во светот во своите категории.

Вероника вели дека секој натпревар бара од неа максимална физичка и ментална подготвеност. Да се има силен ум е подеднакво важно како и силно тело, а оваа филозофија се одразува во сè што прави таа секојдневно.


Она што го внесува во телото има исклучителна важност за перформансите, токму со производите на Виталиа се добива таа вистинската енергија и нутритиенти за да се биде на врвот, споделува Вероника.

https://www.instagram.com/p/DBI7d8PMaaz/

Нејзиниот успех не е само тоа што е каратистка туку таа е и инспирација за сите оние кои што се стремат кон спортски или животни успеси. Вистинските шампиони не се само во рингот, туку и во секојдневните одлуки да се води здрав и балансиран живот.