Хамилтон за шансите да се бори за пол позиција во Мелбурн: Никогаш не вели никогаш

Дерби

14/03/2025

14:08

350

Големина на фонт

а а а

Новата Формула 1 сезона официјално е отворена со гран-при викендот во Австралија, а членовите на екипите учесници веќе ги извозеа и слободните тренинзи.

Шарл Леклер од Ферари имал најбрзо време на вториот слободен тренинг, додека неговиот нов тимски колега Луис Хамилтон може да биде задоволен со петтата позиција.

Британецот по долг период во Мерцедес, во Мелбурн ќе дебитира во црвената боја на Ферари, а по вториот тренинг сепак не сакал да дава преоптимистички изјави за очекувањата во утрешните квалификации.

– Мислам дека е малку прерано да се надевам на пол-позиција, но никогаш не вели никогаш.

– Ќе го дадам својот максимум, но не сакам да си креирам голем притисок. Ќе се обидам и ќе уживам во обидот, мора да се адаптирам на новиот болид и ми треба време за такво нешто. Болидот е добар, но бара поинакво возење, па мора да го адаптирам својот стил. Вториот тренинг беше далеку подобар и чувствувам дека станувам побрз со секоја сесија, – рекол Хамилтон.