[ФОТО] Светот речиси никогаш не ја видел без темни очила: Еве како навистина изгледа лицето на легендарната уредничка на „Vogue“

Точка

06/02/2025

18:42

2.099

Големина на фонт

а а а

Ана Винтур, главната уредничка на магазинот „Vogue“, со децении се крие зад своите препознатливи очила за сонце, кои станаа нејзин заштитен знак. Таа самата ги опиша како „реквизити“ кои ѝ помагаат да биде видена, а сепак да остане скриена. Меѓутоа, на една од најважните церемонии во нејзиниот живот, таа решила да ги тргне – од почит кон кралот.

Дамата Ана Винтур ги извади очилата за да ја прими почестата од кралот Чарлс III на церемонијата одржана во Бакингемската палата оваа недела.

Главната уредничка на магазинот „Vogue“, кој има 75 години, го примила орденот како член на Орденот на придружниците на честа на церемонијата за инвестиција („Order of the Companions of Honour“) во Бакингемската палата во вторникот. Орденот ѝ го доделил кралот Чарлс Трети, кој има 76 години, како признание за нејзините заслуги во светот на модата.


Ледената кралица на модната индустрија, успеа да направи бренд од своето име, а приказната започна во втората половина на осумдесеттите, кога го презеде американскиот „Вог“ и го издигна на незамисливи височини. Ана Винтур, една од најмоќните жени на денешницата, еднаш ја доби титулата Дама од кралицата Елизабета Втора, а вчера кралот Чарлс ѝ ја додели титулата „Придружник на честа“ (Companion of Honour).

Ова престижно издание се доделува на поединци кои дале значаен придонес во уметноста, науката, медицината или јавната служба во подолг временски период. Одлуката Ана Винтур да биде одликувана била објавена минатата година, кога нејзиното име било вклучено во листата на почести за првиот роденден на кралот Чарлс.

Ана за оваа посебна пригода се одлучила за сив комплет – сако и здолниште, со бела блуза под сакото. Нејзината комбинација ја комплетирале сиви чизми и впечатливо виолетово ланче. За дочекот во Бакингемската палата таа избрала креација на британската модна куќа Александар Меквин. Деловно елегантна верзија, во нејзин стил. Како што рекла, била изненадена што добила уште една висока кралска награда.


„Последен пат кога бев на ова место, кралицата Елизабета ме прогласи за дама. Тогаш се согласивме дека и двете многу долго време си ја работиме нашата работа“, се пошегувала Ана Винтур, евоцирајќи ги спомените од средбата во 2017 година.

Иако во ноември го прослави 75-тиот роденден, уредничката на „Вог“, која сега е и претседател на издавачката куќа „Конде Наст“, му рекла на кралот Чарлс дека нема намера да се пензионира.

Иако позирала надвор од палатата со нејзините вообичаени темни очила, кога го примила медалот од рацете на кралот Чарлс, очилата биле отстранети. Претходно во интервју за Би-би-си изјавила дека ѝ овозможуваат да биде „видена, а сепак да не биде видена“.

Овој редок момент предизвика многу коментари кај корисниците на социјалните мрежи, од кои многумина беа воодушевени од нејзината насмевка и гест на симнување на очилата, додека други беа критички настроени кон ова признание.


„Не ми се верува дека конечно ги извади очилата за сонце“, „Се насмевнува“, „Убаво е да ја гледаш насмеана и без очила“, беа дел од коментарите.

Сепак, имаше и такви кои веруваа дека Винтур не заслужува такво признание.


„Зошто би добила таква титула?“, „Не го заслужила тоа“, „Таа е најпреценетата личност на светот“, коментираат незадоволните корисници.

Имено, магазинот „Вог“ неодамна го привлече вниманието со критиките за официјалниот портрет на Меланија Трамп, првата дама на САД. На фотографијата Меланија е облечена во црн костум и бела кошула, а магазинот напиша дека нејзиниот изглед повеќе наликува на „хонорарен магионичар“ отколку на јавна личност.


Дополнително, тие коментираат дека наместо да личи на првата дама, таа изгледала како да е на снимањето на реалното шоу „The Apprentice“, кое нејзиниот сопруг Доналд Трамп го водел пред да стане политичар.