Експертка открива метод од 1 минута кој за за миг ја „брише“ анксиозноста – видеото е прегледано 18 милиони пати

Точка

08/03/2025

13:04

2.638

Големина на фонт

а а а

Без разлика дали станува збор за важна деловна презентација или за фрустрација додека сме заглавени во сообраќаен метеж, стресот стана непожелен дел од секојдневниот живот. Но, едноставна едноминутна техника може да ви помогне веднаш да ги смирите нервите, така што ќе го измамите телото да помисли дека е опуштено.

Според стручњачка од Илиноис, преземањето контрола врз движењето на очите со фокусирање на некој предмет може да помогне во смирувањето. Во Инстаграм видео кое собра неверојатни 18 милиони прегледи, терапевтката за трауми Лорен Ауер објаснила дека за демонстрација на техниката ќе користи маркер, но може да се искористи кој било друг предмет.


Менување на фокусот

„Сè што треба да направите е да држите предмет пред себе за да можете да го фокусирате одблизу, потоа да го поместите погледот од таа точка и повторно да го вратите назад. Значи, на некој начин го фокусирате предметот одблизу, па оддалеку, и така неколкупати. Она што го правите во тој момент е активирање на окулокардијалниот рефлекс, кој го смирува вашиот вагусен нерв и го регулира дишењето“, појаснува таа.

Окулокардијалниот рефлекс, познат и како тригеминовагален рефлекс, предизвикува намалување на срцевиот ритам при директен притисок врз очната јаболка, како што е активирање на екстраокуларните мускули за менување на фокусот меѓу предметите.

Дали навистина делува?


Оваа техника, во теорија, предизвикува промена во нервниот систем – од симпатички начин, кој е поврзан со реакцијата „бори се или бегај“, во парасимпатички начин, односно „одмори се и вари“. Терапевтката тврди дека со примена на оваа едноставна техника срцевиот ритам ќе се забави, мускулите ќе се опуштат, слично како во состојба на природна релаксација.

Сепак, истражувањата сугерираат дека окулокардијалниот рефлекс не го успорува директно дишењето, туку индиректно придонесува за чувство на смиреност преку забавување на отчукувањата на срцето, што пак помага во регулирање на дишењето. Тоа потенцијално може да доведе до чувство на опуштеност и поспоро дишење ако рефлексот се стимулира на благ начин.

Реакции на социјалните мрежи

На Инстаграм, многу корисници изјавија дека техниката им помогнала, но предупредија дека можеби нема да биде ефикасна во посериозни случаи на анксиозност и паника.

Една следбеничка напиша: „Ја обожавам оваа метода и често ја користам!“, додека друга рече: „Штом умот се одвлече со нешто друго, паниката исчезнува“.


Сепак, имаше и коментари како: „Кога чувствуваш дека се гушиш или губиш свест, или дека не можеш да дишеш, техниката со предметот нема да биде доволна. Но, дефинитивно е добра техника за ‘заземјување’ и смирување во секојдневни стресни ситуации.“

Паничен напад

Инаку, нападите на анксиозност често се мешаат со срцеви удари, бидејќи симптомите значително се преклопуваат. И двете состојби можат да предизвикаат хипервентилација, болка во градите, отежнато дишење, потење и мачнина.

Според проценките, секоја година околу еден од 10 луѓе доживува паничен или анксиозен напад, а околу една третина од луѓето ќе искусат барем еден таков напад во текот на животот.

Кај многумина, нападите на паника изгледаат како да се случуваат ненадејно и без причина, но експертите предупредуваат дека одредени секојдневни навики што ги сметаме за безопасни можат да бидат „последната капка“.


При напад на паника, симптомите се појавуваат нагло, брзо достигнуваат врв, а потоа постепено се намалуваат. Но, личноста може да има чувство дека нападот трае цела вечност.

Обично постои некој тригер, како што се стрес или страв, но понекогаш тие се јавуваат без јасна причина. Во тие моменти, се активира реакцијата „бори се или бегај“, по што следуваат физички симптоми како притисок во градите, забрзан пулс, хипервентилација, вртоглавица и тресење. Паничните мисли и чувствата на страв се засилуваат, а личноста може да има чувство дека ѝ се заканува нешто страшно или дека ќе умре, при што често се јавува чувство на гушење.

Периодот по нападот на паника наликува на мамурлак по алкохол – со замор, главоболка и чувство на физичка и емоционална исцрпеност.