Необичниот остров: Дали знаете зошто Малтежаните не ја метат куќата откако ќе падне мрак?

Точка

29/01/2025

12:01

1.685

Големина на фонт

а а а

Многу народи ширум светот имаат свои необични обичаи, навики и суеверија. Во продолжение прочитајте некои од поинтересните суеверија на Малтежаните.

Мисирка за сончев ден

Според традицијата, Малтежаните кои посакувале сончева свадба ја „поткупувале“ калуѓерката со мисирка. Дури и денес, некои Малтажани веруваат дека на нивната свадба нема да врне дожд ако подарат месо. Според некои извори, адресата за пратките со месо е манастирот во Силема.


Ноќе не се мете

Додека кај нас се верува дека кога се селиме, треба да ја оставиме метлата во стариот стан за со неа да ги оставиме сите грижи и несреќи, на Малта нема често да видите луѓе како метат ноќе – и тоа не само затоа што во тоа време се спие. Се верува дека метењето ноќе носи лоша среќа. Во некои домови, метењето е машка, или подобро кажано, работа на таткото, за членовите на семејството да бидат безбедни и среќни.


Леб против дожд

Покрај мисирка, на Малта се обидуваат времето да го контролираат и со леб. Според народното верување, фрлањето леб на улица ќе помогне да се запре дождот. Штета за лебот!


Роговите ја чуваат куќата

Роговите над вратата и денес се вообичаена глетка во селата за домовите да се заштитат од злото. Еден од поинтересните начини да се заштитите од злото во Малта е да се постават црковните часовници на погрешно време за да се збуни ѓаволот. Исто така, ако на Малта почувствувате мирис на запален ловор, не грижете се. Жителите веројатно ја чистат куќата од зли духови.


Страшниот Гавгав

Ако воопшто е можно, Малтежаните се обидуваат да избегнат бебето да им се роди на 24 декември, бидејќи според народните верувања, бебињата родени на тој ден го крадат Божиќ и се казнуваат со претворање во чудовиште наречено Гавгав. За среќа, ова сценарио може да се избегне ако ја поминете ноќта броејќи ги дупките во цедалката (верувале или не), а некои луѓе веруваат дека треба да се бројат зрна ориз.