„Чистењето“ на дебелото црево е добар начин за регулирање на варењето и чистење на телото од токсини, тврдат некои луѓе. Важно е да се нагласи дека експертите посочуваат дека чистењето на дебелото црево не е неопходно, бидејќи дигестивниот систем ги отстранува бактериите и токсините од телото за време на процесот на варење.
Застапниците на чистењето на дебелото црево на природни начини наведуваат дека со овој тип на терапија организмот се ослободат на вишокот килограми и го намалува ризикот од рак на дебелото црево.
Вода
Водата е одличен начин за регулирање на варењето и обезбедување на правилно функционирање на целото тело.
Се препорачува да пиете шест до осум чаши млака вода дневно. Експертите советуваат и консумирање свежо овошје и зеленчук со висока содржина на вода.
Можно е и плакнење на дебелото црево со солена вода – помешајте две лажички морска сол со млака вода и оваа напивка испијте ја на празен стомак. Водата и морската сол ќе ги стимулираат движењата на дебелото црево за неколку минути.
Храна богата со растителни влакна
Растителните влакна се есенцијални хранливи материи кои се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, житарките од цели зрна, јаткастите плодови и семките.
Билните влакна се моќно средство за добро варење. Може да го регулираат запекот, но и премногу активните црева.
Вода со додаток на лимон и мед, чаеви
Сок од лимон, една лажичка мед и прстофат сол измешајте со топла вода и испијте го наутро на празен стомак.
Овој пијалак помага да го разбудиме организмот и да го поттикнеме доброто работење на дебелото црево.
Се препорачуваат и сокови од овошје и зеленчук, како што се сокот од јаболко, лимон и алое вера, кои ефикасно го чистат дебелото црево.
Покрај тоа, на овој начин ќе му ги обезбедиме на организмот и сите хранливи материи и витамини кои можат да го зајакнат имунитетот. Билните чаеви се традиционален лек за цревата. Лаксативните билки како алое вера или корен од бел слез, се силно средство против запек.
Пробиотици како средство за чистење на дебелото црево
Во некои ситуации, пробиотиците се незаменливи за правилно функционирање на дебелото црево. Тие ќе помогнат да се исчисти дебелото црево и да се зајакне дејството на корисните бактерии.
Намирниците како јогурт, кисели краставички, јаболков оцет и ферментираните производи се сметаат за добри пробиотици.
Ѓумбир за чистење на дебелото црево
Ѓумбирот може да помогне во процесот на варењето на храната. Овој зачин можете да го додадете во други сокови, чаеви или да го консумирате самостојно.
Се препорачува да се измешаат една лажичка сок од ѓумбир и една лажичка мед со една шолја топла вода. Оваа напивка може да се пие еднаш или двапати на ден.
Рибино масло
Рибиното масло може да се користи во природна форма или како додаток во исхраната. Ова масло е богато со омега-3 масни киселини, кои докажано се корисно средство за чистење на дебелото црево и зајакнување на организмот.