[ФОТО] Ни на небо ни на земја: Италијанското засолниште до кое водат 1.540 стрмни скали

Точка

03/08/2025

14:43

1.283

Големина на фонт

а а а

На околу еден час возење од Верона се наоѓа Лаго ди Гарда, најголемото италијанско езеро, кое привлекува посетители поради својата прекрасна природа.

Но, ѕвездата на оваа приказна не е Гарда, туку планината Балдо, која нуди прекрасен поглед на најголемото езеро во Италија.


Балдо е веројатно најпозната по своето светилиште сместено на драматична карпа помеѓу небото и земјата. Светилиштето Мадона дела Корона (Богородица од Круната) изградено е во карпа на надморска височина од 775 метри во 16 век.



Два века претходно, пред да се изгради црквата, пустиниците оделе во пештера во карпата за да пронајдат мир. Првично, до црквата водела опасна патека, но подоцна од безбедносни причини биле изградени скали. Црквата, која преживеала војни неколкупати била реновирана за да се спречи нејзино пропаѓање со текот на времето.




До светилиштето се стигнува од прекрасното место Спиаци, каде што може да се паркираат автомобилите, а посетителите да изберат дали ќе се искачуваат по патеката или по стрмните скали. Доколку се одлучат за скалите, ќе треба да поминат 1540 до врвот.



Исто така може да се пристигне и од местото Брентино Белуно или да се комбинира воз од Верона со велосипед. Спиаци е убаво место за излет, каде што може да се преноќи во еден од хотелите или во приватно сместување како и да се посетат локалните ресторани.