[ФОТО/ВИДЕО] Босанскиот патописец вели: „Го посетив најлошиот град во светот, дрогата ја прават од човечки коски“

Точка

02/08/2025

14:12

2.903

Големина на фонт

а а а

Босанскиот патописецот и јутјубер Роберт Дацешин, во едно од своите најнови видеа откри кој е најлошиот град што некогаш го посетил.

Како што објави на својот Инстаграм, станува збор за Конакри, главниот град на Гвинеја. Зборувајќи за оваа земја, тој истакна дека станува збор за „западно африканска земја која се смета за една од најкорумпираните во светот и каде што едноставно не се чувствувате безбедно“.


Ѓубре, метеж и стаорци…

Во видеото кое го објави, тој истакна дека едноставно не знае дали некогаш бил на место каде што не успеал да најде ниту едно убаво нешто за неколку дена поминати во некој град.


„Каде и да се свртите, ќе видите ѓубре, огромни толпи и стаорци, што е вообичаено за овој град. Огромен проблем е комуникацијата со луѓето ако не зборувате француски, но и фактот дека не е дозволено да се фотографира речиси ништо во овој град, дури ни зградата на џамијата од некоја непозната причина“, раскажа Роберт.

Војска на секој чекор

Дацешин понатаму рече дека иако војската е на секој чекор, ќе се чувствувате многу небезбедно во овој град.


„Покрај тоа, во градот моментално широко е распространета мајмунската треска и навистина треба да се внимава да не се заразите, иако без сомнение полошо од тоа е новата дрога наречена куш, која се прави од многу состојки, вклучувајќи и човечки коски. Владите во овој дел од светот многу се мачат со оваа дрога, што ги прави оние што ја консумираат многу агресивни, а нас еднаш повеќе од 15 минути, нè следеше човек кој беше видливо под дејство на оваа супстанца“, раскажа Дацешин.


Ве штити човек со палка

Овој босански авантурист истакна дека на крајот најголемата измама ја доживеале од хотелот каде што престојувале, а целото искуство во градот, како што тврди, било многу тешко.

„Во градот нема што да се види, а понекогаш плаќате 20 евра за храна во ресторан, додека пред него ве чека човек со палка кој ве штити за никој да не ви се приближи“, рече Дацешин на крајот.


Има два милиони жители

На западниот брег на Африка, покрај бреговите на Атлантскиот Океан, се наоѓа Конакри, главен и најголем град во Гвинеја, земја позната по своите природни ресурси, музика и разновидни култури. Со околу два милиони жители, Конакри е срцето на политичкиот, економскиот и културниот живот на земјата.

Градот се наоѓа на полуостровот Калум, а кон крајот на 19 век го основале француските колонизатори кои набрзо го претвориле во важно пристаниште и административен центар на тогашната Француска Гвинеја. Во 1904 година, станал официјален главен град, а тој статус го задржал дури и по стекнувањето на независноста во 1958 година.


Денес е раздвижен и контрастен град – од една страна, има големи пазари, толпи и улични тезги, а од друга, државни институции, музеи и економски центри. Најпознатиот пазар, пазарот Мадина, е еден од најголемите и најхаотичните трговски центри во цела Западна Африка.

Главното пристаниште во Конакри игра клучна улога во извозот на ресурсите на Гвинеја, особено на бокситот, минерал поради кој земјата е меѓу водечките производители во светот. Покрај суровините, градот извезува и злато, риба и земјоделски производи.


Иако има потенцијал и богата културна сцена – познат по гриот музиката и традиционалното свирење на џембе тапани – Конакри се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици. Прекините на електричната енергија, недостатокот на вода за пиење, лошиот јавен превоз и сообраќајните метежи се секојдневна појава.