[ФОТО] Грците го нарекуваат „Санторини за сиромашни“ и љубоморно го кријат од туристите: Доколку отсекогаш сте сонувале за Санторини, но вашиот џеб не е „длабок“, овој скриен грчки бисер ја нуди истата морска идила

Точка

02/08/2025

16:51

1.841

Големина на фонт

а а а

Македонските туристи ја обожуваат Грција и таа е најчест избор за летување за најголемиот број наши граѓани – поради блискоста на двата народа, близината, но и релативно пристапните цени. Се разбира, и меѓу грчките места постојат разлики, па така Санторини и Миконос, најатрактивните грчки острови, не се баш чест избор за поголемиот дел од нашите туристи, бидејќи овие рајски дестинации се наменети за оние со нешто подлабок џеб.

Но дали знаевте дека постои остров сличен на познатиот Санторини, во истата егзотична, со сонце облеана островска група Киклади – со долини богати со маслинки и лозја, бели куќички, сини куполи, камени калдрмисани улички, балкони од кои ви се насмевнуваат гроздови бугенвилии – а тоа е Парос.


Парос е омилено летувалиште на Грците, кое сè уште внимателно го чуваат од туристичка навала, а често го нарекуваат и „Санторини за сиромашни“, бидејќи е многу поевтин, а нуди иста, неверојатна морска идила.

Бисерот на Грција го спојува најдоброто на едно место

Овој бисер на Грција е познат по традиционалната архитектура и специфичната атмосфера, благодарение на прекрасната, смирувачка белина што ве опкружува насекаде – но и по кристално чистата вода и богатата историја.


Главниот град на островот е шармантната Парикија, иако повеќе наликува на мало гратче, изградено на остатоците од антички храм, а на речиси секој чекор ќе налетате на мали, бели цркви. Сепак, најимпресивна е византиската „Црква со сто врати“, која е и најголема атракција на ова место, покрај самата енергија што го краси овој град.


Покрај прошетката во која мирисот на морето ви влегува во секој дел од телото и чувствувате како ве милува истиот ветер што нежно ги лулка лисјата на дрвјата на портокалите и нарот, Парикија нуди и богата угостителска понуда – можете да уживате ден и ноќ во кафулиња, ресторани, барови, ноќни клубови...


Живописната атмосфера ја збогатуваат и волшебните плажи, за кои велат дека се едни од најдобрите во цела Грција. Ако Парос ви е мал за вашите апетити, не грижете се – бидејќи е сместен во центарот на Кикладите, опкружен со бројни острови што се лесно достапни, па можете барем накратко да ги посетите убавините на Антипарос, Самос, Миконос...


Па, ако ја посакувате онаа поинаква, „луксузна“ Грција, каде што не сакате да се чувствувате сосема како дома, ако ви недостасува вистинскиот вкус на морето и Медитеранот, ако отсекогаш сте сонуале за Санторини, но немавте пари за него – Парос ве чека со широко раширени раце!