[ВИДЕО] Омилениот појадок на принцезата Дијана: Рецептот на нејзиниот готвач

Точка

03/08/2025

12:44

1.528

Големина на фонт

а а а

Јадење кое стана многу популарно во последните години, но принцезата Дијана го јадела уште во текот на 1990-тите.

Мекгрејди, готвачот на принцезата Дијана откри што таа обожувала да јаде за појадок – омилени ѝ биле овесните снегулки кои биле натопени преку ноќ.


Тој го споделил рецептот за нејзиниот омилен појадок на својот Јутјуб канал.

Омилениот појадок на принцезата Дијана

Мекгрејди работел за британското кралско семејство од 1982 до 1997 година, почнувајќи со кралицата Елизабета и принцот Филип во Бакингемската палата, а потоа станал личен готвач на принцезата Дијана во Кенсингтон Палатата во 1993 година.

„Кога станав готвач на Дијана, таа повторно ја презеде контролата врз својот живот. Таа беше покровител на 119 различни добротворни организации, редовно вежбаше три пати неделно и изгледаше подобро од кога било“, се присети Мекгрејди во видеото.


Тој додаде дека принцезата почнала да се храни поздраво, па затоа за појадок јадела овесна каша приготвена на овој начин, а нејзината љубов кон овој појадок се родила по посетата на швајцарска клиника, каде што јадењето се сервирало под името „bircher müsli“.

„Тоа јадење навистина ѝ се допаднало – и вкусот и фактот дека сите состојки се многу здрави. Го украде рецептот и рече: „Дарен, го сакам ова за појадок секој ден“, раскажа готвачот.

Овесна каша со боровинки

Состојки:

100 г овесни снегулки (крупно мелени)

240 мл свежо исцеден сок од портокал

240 г грчки јогурт

1 лажица мед (по желба)

малку цимет (по желба)

0,5 јаболка

сок од 1 лимон

150 г свежи боровинки

50 г печени ореви

Подготовка:

Во сад, измешајте ги овесните снегулки и сокот од портокал. Покријте со пластична фолија и ставете ја смесата да стои во фрижидер преку ноќ.

Наутро, додадете го грчкиот јогурт, медот (по вкус), сокот од лимон и циметот, доколку користите.

Изрендајте го јаболкото и додадете го во смесата, мешајќи нежно. Додадете половина од боровинките.

Истурете ја смесата во сад за сервирање, декорирајте со преостанатите боровинки и печени ореви.

Пријатно!