За време на нејзиниот 16-годишен мандат, Ангела Меркел беше и обожувана и оспорувана. Стилот на владеење на германската политичарка, која ја нарекуваа и „вечна канцеларка“, чијшто заштитен знак беа дланките споени во облик на дијамант, беше прагматичен, а токму благодарение на таквата стратегија таа успеа успешно да ја води земјата низ бројни кризи.
Многумина ја критикуваа поради тоа што ги отвори границите за мигрантите како и тоа дека била премногу блиска со Путин, до тој степен што дури ја обвинуваа дека е руски шпион. Нејзиното источногерманско потекло секако придонесе за ова мислење, иако е родена во западниот дел на земјата, во Хамбург. И тоа пред 70 години, а неодамна ги објави нејзините мемоари „Слобода“ на 750 страници.
Стилот и ставот на Ангела Меркел
Ангела Меркел не беше склона кон ненадејни промени и реформи, ретко ги менуваше ставовите, а многу луѓе и „симнуваа капа“ поради нејзината доследност. Смирена и спокојна, таа секогаш носеше иста фризура и „полунасмевка“, а што се однесува до нејзината гардероба, за тоа може да се расправа, како што велат некои, можела да најде подобар стилист.
Кога пред три години реши да се повлече од светот на политиката, се шпекулираше дека таа и нејзиниот сопруг Јоаким Зауер живеат во изнајмен стан и дека времето го поминуваат во читање и „вежбање“ на нивните кулинарски вештини, а сакаат и да планинарат.
Поранешната германска канцеларка ретко можевме да ја видиме во здолниште или фустан, а уште поретко во костим за капење. Меѓутоа, пред неколку години, додека таа сè уште беше една од највлијателните жени во светот, се појавија папарацо фотографии од базенот каде што таа уживаше со сопругот во текот на летувањето во Италија. Меркел тогаш беше облечена во светло зелена бањарка и тегет едноделен костим за капење.
Тоа беше нешто сосема поинакво од Ангела Меркел на која сме навикнати – строга, скромна, одмерена и сериозна дама која речиси никогаш не ја напуштала својата комфорна зона, односно формалната „канцелариска“ облека.