Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред судот: Се соочува со 26 тужби – сексуално малтретирал жени и деца?

Точка

16/11/2024

17:44

427

Големина на фонт

а а а

Актерот Александар Вествуд (24) кој е познат по неговата улога во серијата на Нетфликс „Sex Education“, се појави на суд соочувајќи се со 26 тужби за сексуално малтретирање на жени и деца.

На 24-годишниот актер му се суди пред судот во Вулверхемптон за вкупно 26 различни кривични дела вклучително и обвинувања за силување.

И покрај сериозните обвинувања, Вествуд ги отфрли сите, сугерирајќи дека неговите обвинители имаат различни причини за лажно да го обвинат.

„National World“ известува дека обвинителот Ендрју Волас ѝ кажал на поротата: „Александар Вествуд е актер. Тој е врвен манипулатор. Сите овие обвиненија имаат заедничка тема – несоодветно допирање и предаторско однесување. Во 10-те обвиненија во кои е вклучена едната девојка, првото обвинение се однесува на денот на нејзиниот десетти роденден, а тој датум е земен за првото обвинение само затоа што нема кривична одговорност пред оваа возраст“.


Обвинителот додаде: „Доколку ги набројуваме сите поединечни случаи, ќе имаше стотици обвиненија“.

Од 26-те кривични дела со кои се соочува актерот, четири се поврзани со силување на жени постари од 16 години, три се однесуваат на поттикнување на жени помлади од 13 години да се впуштат во сексуална активност без пенетрација, една точка од обвинението се однесува на поттикнување момче помладо од 13 години на сексуална активност, потоа седум точки од обвинението се однесуваат на сексуален напад врз жена и три точки се однесуваат на поттикнување дете помладо од 13 години на гледање сексуален чин.

Во меѓувреме се очекува дека судењето ќе трае околу месец дена, пренесува „The Mirror“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг