Актерот Никола Ѓуричко гостувајќи во подкастот „Opet Laka“ на босанскиот пејач Елвир Лаковиќ – Лака, меѓу останатото, искрено проговори и за родителството.
„Колку и да се „фолираме“ дека сето тоа е патријархалност, сите знаеме дека секој кога ќе падне на задникот плаче и вика: „Мамо!“. Никој не вика: „Тато!“. Кога сме гладни или тажни, истото. Главно жените го држат Универзумот во движење и на нивните раменици. Кога ќе паднат моите деца викаат: „Мамо“. Тоа секогаш ме депримирало“, потенцирал Никола.
„Зошто не викаш: „Тато“? Се обидов да си објаснам дека мајка е Сонцето. Таа може да ти даде живот, и може да ти го одземе. Може и да те „гуши“. Нејзината љубов може да биде премногу за вас и не можете да побегнете од неа. Без тоа ти венееш и тука е крајот. А таткото доаѓа како некоја Месечина“, додал Ѓуричко.