Девојката на Лиам Пејн, Кејт Кесиди, наводно му поставила ултиматум пред неговата смрт: „Или јас или дрогата“, пренесува „The Mirror“. Пејн ја избра дрогата, поради што Кејт ја напуштила Аргентина. После тоа, под дејство на дрога, Лијам паднал од балконот од третиот кат на својот хотелски апартман во Буенос Аирес.
Кејт, која беше со Лиам во Аргентина додека тој чекаше да му биде обновена американската виза, не беше задоволна од неговото консумирање на дрога. Ова наводно предизвикало многу проблеми во нивната врска, која започнала пред околу две години. Извор за „New York Post“ изјави: „Неговата употреба на дрога предизвикуваше многу проблеми. Затоа таа му постави ултиматум: или таа или дрогата. Тој ја избра дрогата, па таа мораше да си замине“. Кејт и Лиам првично планирале да останат во Аргентина само пет дена, но нивниот престој бил продолжен на две недели, што наводно не и одговарало.
Кејт која е инфлуенсерка, им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи и им објасни дека „мрази“ да престојува долго време на едно исто место и дека мора да се врати во нивниот дом на Флорида. Изворот додаде дека Кејт им кажала на пријателите дека се чувствува како заложник бидејќи нивниот одмор постојано се продолжува. „Беше многу нездраво за сите. Таа се надеваше дека тој ќе ја дојде со неа назад во Мајами“, додаде изворот.
Два дена по трагичната смрт на Лиам, Кејт на социјалните мрежи сподели трогателна порака во чест на нејзиниот покоен партнер. Во емотивното обраќање таа призна дека е „целосно изгубена“.
Таа на Инстаграм напиша: „Ви благодарам за сите убави зборови и љубовта кои ми ги испративте. Целосно сум изгубена. Ништо од што се случи во последните неколку дена не изгледа реално. Ве молам дајте ми простор и време ова да го преживеам приватно. Лиам, мојот ангел. Ти ми беше сè. Сакам да знаеш дека те сакав безусловно и потполно. Ќе продолжам да те сакам до крајот на мојот живот. Те сакам, Лиам“.