Французинката која се натпреварува за Естонија, Солен Мазенж, излезе во јавноста со грозоморни обвинувања против Русинот Иван Десјатов, кој лизга за Америка. Таа тврди дека нејзината ранливост ја искористил нејзиниот колега, кој е две години постар од неа.
Француската лизгачка Солен Мазенж (21) го обвини својот колега лизгач од САД Иван Десјатов за силување!
Французинката која се натпреварува за Естонија, Солен Мазенж, излезе во јавноста со грозоморни обвинувања против Русинот Иван Десјатов, кој лизга за Америка. Таа тврди дека нејзината ранливост ја искористил нејзиниот колега, кој е две години постар од неа.
Мазенж во септември за прв пат на социјалните мрежи проговори за силувањето кое и е извршено.
- Никогаш нема да ги заборавам тие натпревари минатата сезона. Сè изгледаше како и обично, а потоа сè се промени. Тој ден бев сексуално нападната од друг спортист – напишала Французинката, но не го именувала сторителот.
Немилите сцени меѓу двајцата лизгачи се случија минатата година во Загреб, на турнирот „Златен спин“. Во случај да се покрене судска постапка и тој биде осуден, Десјатов се соочува со затворска казна.
Солен Мазенж на социјалните мрежи напиша и дека првиот сексуален напад и малтретирање го доживеала како 13-годишно девојче, кога тренер и ја допирал интимата.