Двегодишниот брат на Ламин Јамал уште еднаш го „украде шоуто“, а по снимките од финалето на Евро купот коишто ги освоија мрежите – овојпат тој беше во центарот на вниманието на црвениот килим пред доделувањето на Златната топка.
Ламин Јамал беше прогласен за најдобар млад играч на синоќешното доделување на Златната топка, а на свеченоста пристигна во придружба на семејството.
Пред настанот на црвениот килим тој позираше заедно со својот татко, мајка и две годишниот брат, кој уште еднаш ги собраа сите симпатии.
Имено, ова мало момче беше облечено во црн костум кој наликувал на оној којшто го носеше неговиот постар брат, а сите присутни ги разнежи кога им мавташе на фотографите кои беа собрани околу црвениот тепих.
Симпатично двегодишно момче прилично збунето ги набљудуваше фотографите додека стоеше заедно со остатокот од семејството.
Инаку, едната од најслатките снимки од овогодишниот Евро куп, настана за време на прославата на титулата на Шпанија, а главните актери беа токму Ламин и неговиот помал брат.
Тогаш за време на прославата Јамал го стави во скут својот брат кој е сè уште бебе и му дозволи да го земе и да си поигра со трофејот што го доби како најдобар млад фудбалер на ЕП.