Денвер Нагетс одигра уште еден исцрпувачки натпревар во низа, меч на кој одново играше продолжение и повторно славеше овојпат против Бруклин Нетс со 144:139.
Во фокусот беше Никола Јокиќ со нова нестварна партија од 29 поени, 18 скокови и 16 асистенции, издание за кое доби комплименти од повеќе страни, но Србинот се реши да издвои еден соиграч кој во изминатиов период заработи доста критики.
Се работи за ветеранот Расел Вестбрук кој беше доведен да донесе енергија, квалитет и поени од клупата за резерви, но уфрли само 6, 2 и 9 поени пред да експлодира против Бруклин со 22 кошеви и 5 асистенции.
- Рас беше навистина неверојатен, не знам дали беше трета четвртина или четврта четвртина, но не одржа во игра. Беше одличен кога го диктираше темпото, уфрли неколку шута. Тој беше многу добар. Гледате како тој секогаш зборува во групата, секогаш ги мотивира момците и ги турка напред, тој е навистина добар соиграч и добро е што го имаме во нашиот тим, - порача Јокиќ.