Ник Кирјос е еден од тенисерите кои оставија белег на овој спорт, но многу повеќе поради неговото однесување и изјави, отколку самата игра. Далеку од тоа дека Австралиецот е лош тенисер, но тој едноставно секогаш на некој друг начин успевал да дојде до првите редови.
Сега Кирјос продолжи со своето шоу, а овој пат во центарот на вниманието беа Енди Мареј и Рафаел Надал. На Ник не му се допадна начинот на кој Енди и Рафа се збогуваа со тенисот, па даде интересна изјава.
„Постигнавте се…Заслужувате малку пограциозно да го напуштите тенисот“, им се обрати Кирјос на Надал и на Мареј, и реши да објасни што точно мислел:
„Видов како тоа го направи Енди Мареј и како сега заминува Рафаел Надал, не сакам да бидам таков. Не сакам да ползам до целта. Достигнувањата на Енди Мареј се суштината на овој спорт...Освен ако не сте некој друг – Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер или Рафаел Надал, следната личност е Енди Мареј!
Кирјос потоа додаде:
„Како да сте освоиле се. Верувам дека заслужува да си замине малку пограциозно. Според мене, операциите, болките, едноставно не вредат…“
Да потсетиме, Мареј реши да се пензионира по бројните операции и проблеми со повредите, а на ист начин на крајот се пензионираше и Рафаел Надал.