Наполи својата добра форма ја потврди и на гостувањето во Милано кај Милан каде успеа да слави со 2-0 и со тоа да потврди дека е најдобра екипа во досегашниот дел од италијанскиот шампионат.
Избраниците на Антонио Конте победија со 2-0 со погодоците кои во првиот дел ги постигнаа Ромелу Лукаку и Квича Кварацхелија. Токму Грузиецот веќе има една лигашка титула со составот од Неапол и верува дека тие како група имаат квалитет, знаење да дојдат и до уште едно Скудето.
- Работев за ова, но тимот покажа силен менталитет и мислам дека заслуживме да победиме. Сите сме среќни. Се разбира, имаме тим кој верува дека функционираме, мораме да продолжиме така и да знаеме дека можеме да освоиме уште една титула, - порача Кварацхелија.
Наполитанците имаа седум бода повеќе од второпласираниот Интер кој денеска гостува кај Емполи.