Јунајтед имал уште три опции за наследник на Тен Хаг

Дерби

30/10/2024

13:23

491

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед одлучи да се раздели со менаџерот Ерик Тен Хаг и во исто време експресно да се активира на пазарот за да најде соодветна замена.

Ако нема некое изненадување во последен момент, нов предводник на премиерлигашот ќе биде актуелниот тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим. Јунајтед е подготвен да ја плати неговата слобода, поточно да даде 10 милиони евра за да го обезбеди и сега ако се точни информациите на медиумите само е прашање на време кога Португалецот ќе слета на „Олд Трафорд“.

Самиот Аморим со насмевка истакна дека ништо не е одлучено, меѓутоа ова е понуда која е привлечна и тешко дека ќе каже „НЕ“.

Меѓутоа Рубен не бил едиинствениот на листата на посакувани тренери, поточно „Атлетик“ пренесува дека во игра биле уште три добро познати имиња кои во моментов се слободни на пазарот.

Тоа се Масимилијано Алегри кој последно работеше во Јувентус, потоа Чави Ернандес и Един Терзиќ, двајца стратези кои претходната сезона ја завршија во Барселона, односно Борусија Дортмунд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг