Брачна советничка открива 5 знаци кои покажуваат дека сте го пронашле вистинскиот партнер

Точка

21/09/2024

20:30

820

Големина на фонт

а а а

Брачната советничка и терапевт Ерика Џордан открива 5 знаци кои покажуваат дека сте го нашле вистинскиот партнер или партнерка.

„Да се открие дали врската вреди да се унапреди може да биде тешко, но трудот дефинитивно се исплати. Со секоја нова врска, ние ги собираме особините кои нѝ се допаѓаат и не ги сакаме кај партнерот, а овие информации остануваат со нас. Нашите преференции почнуваат да се обликуваат како невидлива табела - полна со очекувања и споредби“, објаснува таа за „YourTango“.

„Најдоброто сценарио е да пронајдете партнер кој постојано доследно исполнува околу 70 отсто од вашите потреби. Понекогаш ќе исполнува дури и 100 отсто, а вие ќе се чувствувате неверојатно. Други денови може да биде поблиску до 5 отсто, бидејќи, на крајот на краиштата, сите сме само луѓе. Затоа, кога ќе ја сретнете таа личност која ги исполнува тие 70 отсто и ќе забележите некои од следните знаци, време е да размислите за унапредување на вашата врска“, вели Џордан.


Таа тврди дека следните знаци укажуваат дека сме го пронашле вистинскиот партнер или партнерка.

Престанавте да барате други опции

Џордан истакнува: „Можеби сè уште се прашувате дали постои некој кој ги исполнува сите ваши критериуми, но потребата активно да барате нови луѓе е намалена. Можеби сте ги откажале вашите неделни состаноци во потрага по нови личности или сте престанале толку често да користите апликации за запознавање. Повеќе не сте толку фокусирани на потрагата и тоа е знак дека нешто подлабоко се развива“.

Ги прифаќате нивните маани и тие ги прифаќаат вашите

Никој не е совршен. „Можеби тие се малку неуредни или не знаат да раскажат добра шега. Но, сепак вие научивте да ги сакате со нивните несовршености, а тие го направиле истото за вас“, вели советничката.

Одвојувате време еден за друг

Односите не можат да функционираат сами од себе, важни се трудот и работата. Џордан наведува: „Почнавте да планирате романтични состаноци, нови заеднички авантури и создавате време да ја продлабочите врската. Ова е сигурен знак дека сте подготвени да инвестирате во иднината на вашата врска“.


Сте поминале низ непријатни разговори

„Ако сте имале храброст да поминете низ тешки разговори за пари, интимни односи или планови за иднината, подготвени сте за следниот чекор. Комуникацијата не е секогаш лесна, но таа е клучна за растот“, вели таа.

Можете да замислите заедничка иднина

„Кога ќе погледнете во иднината, не ги гледате само убавите моменти. Ги гледате и предизвиците, но подготвени сте заедно да се соочите со нив. Тоа е знак дека сте во вистинска врска“, објаснува Џордан.

"Социјалните мрежи нѝ направија лоша услуга. Нѝ ја продадоа идејата дека пронаоѓањето на вистинската личност треба да биде лесно. Ако е тешко, тоа значи дека нешто не е во ред. Но, понекогаш се работи за двајца луѓе со минати искуства кои повторно учат да сакаат. Тоа не е секогаш лесно. Понекогаш е непријатно и хаотично. И тоа е во ред“, заклучува Џордан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг