Неврологот Владимир Мартинов смета дека луѓето коишто боледуваат од хипертензија или имаат проблеми со дигестијата требаат да престанат да пијат кафе, а на оние коишто страдаат од гастритис докторот им советува кафето никако да не го пијат наутро, односно на празен желудник.
„Третата категорија на луѓе коишто треба да го заменат кафето со чај се оние со дијагностицирани анксиозни нарушувања, бидејќи кофеинот го стимулира веќе напнатиот нервен систем. Поради тоа кафето може да го зајакне чувството на анксиозност, а забележани се и случаи на зголемена раздразливост“, вели Мартинов.
Според „WebMD“ кафето предизвикува зголемување на крвниот притисок, а покрај тоа прекумерната консумација на овој пијалак може да предизвика проблеми со спиењето, особено ако се консумира во попладневните часови.
Според неврологот, важно е да се запомни дека кофеинот со текот на времето предизвикува зависност. Како резултат на тоа, за да се оствари чувството на будност, луѓето почнуваат да пијат повеќе од две до три шолји кафе дневно.
„Треба да се одбегнува прекумерната консумација на кафе бидејќи тоа може да предизвика главоболка и постојан умор“, додава лекарот.
Од друга страна пак, кафето има и одредени бенефити за здравјето, имено тоа ја подобрува концентрацијата и физичката издржливост, а го подобрува и расположението. На трудниците и доилките им се препорачува да консумираат до 200 милилитри кофеин, односно околу две шолји кафе дневно.