Математиката и науката велат дека ова е идеална возраст за брак

Точка

18/09/2024

22:26

13.307

Големина на фонт

а а а

Свадбата е голем чекор, а времето кога ќе се одлучите на тој чекор често предизвикува најмногу контроверзии. Меѓутоа, и науката има „мислење“ за тоа, па ако не можете сами да одлучите …

На жените постојано им се кажува дека нивните биолошки часовници имаат „датум на истекување“ и дека сите добри мажи ќе бидат земени ако чекаат предолго. Ова е местото каде што математиката и науката влегуваат во игра и го носат правилото „37 проценти“.

Според еден алгоритам, идеалната возраст за стапување во брак е 26 години – објавена е во книгата „Algorithms to Live By: The Computer Science of Human Decisions“ од новинарот Брајан Кристијан и когнитивниот научник Том Грифитс. Според нивното истражување, луѓето ги носат најдобрите одлуки откако ќе разгледаат 37 проценти од нивните опции.

Во книгата го користат примерот за вработување – откако ќе прегледате 37 проценти од кандидатите, не треба ни да барате понатаму, бидејќи веќе во таа фаза имате доволно информации за да донесете добра одлука, но не и премногу за да ве обземе неодлучност.


Авторите одат чекор понатаму, тврдејќи дека ова правило важи и за изборот на партнер.

Возрасниот опсег во кој луѓето обично бараат љубов е помеѓу 18 и 40 години, а 37 проценти од тој период е – точно 26 години. После тоа, квалитетот на опциите почнува да опаѓа.

Сепак, многу експерти се согласуваат дека доцните дваесетти се вистинско време за брак. Психологот Вајат Фишер наведува дека причината за тоа е што во тој период најчесто сте го завршувале образованието и сте ја започнувале кариерата.


Клиничкиот социјален работник Келси Торгерсон ја нагласува важноста да се чека до 25-годишна возраст, кога мозокот е целосно развиен.

„Верувам дека е најдобро да се чека таа возраст. Исто така, важно е да поминете низ стресни ситуации со вашиот партнер, како што се учење, врска на далечина или вработување, за да видите како се справувате со конфликтите. Ова се клучни вештини за успешен брак во иднина“, додава таа.

Од друга страна, терапевтот за врски Веена Калинс смета дека идеална возраст за жените е 28 години.


„До таа возраст идните невести развиваат самосвест и доверба во изборот на партнер. Имаат и доволно време за лично и професионално истражување и учат од претходните грешки“, вели таа.

За мажите, Калинс препорачува 32 години.

- Оваа возраст им овозможува целосно да се посветат на кариерата и емотивно да созреат, донесувајќи добро промислена одлука за бракот – смета Калинс.

Но, ако имате 25 години и сè уште сте слободни, не грижете се. Иако ова „правило“ е поддржано од науката и математиката, не постои универзална возраст за среќен брак. Според статистичките податоци на Истражувачкиот центар Пју, сè помалку луѓе стапуваат во брак, што дополнително нагласува колку се индивидуални љубовните врски, пишува "Your Tango".




Спонзорирани линкови

Маркетинг