[ФОТО] Едната тежи 55, а другата 100 килограми – двете се прогласени за најубави жени: Сега облекоа ист фустан и ја открија секоја педа од телото!

Точка

20/09/2024

13:32

10.217

Големина на фонт

а а а

Ирина Шајк и Ешли Греам се појавија на модната недела во Милано во црни, проѕирни фустани со тантела и тешко е да се каже која изгледа подобро.

Ирина Шајк и Ешли Греам блеснаа на модната недела во Милано и двете во слични фустани. Ирина избрала макси фустан со деколте без ракави, плисиран во долниот дел.

Ешли се одлучила за мини фустан со потполно проѕирен горен дел под кој носела црн градник од тантела. Ешли, која има родено три деца, целиот стајлинг го надополнила со црни потпетици, клач чанта и силна шминка.


Ирина Шајк овој пат го прескокнала секој впечатлив накит, носела штикли со подебели црни прерамки, а што се однесува до шминката, се одлучила за темнокафеава нијанса на кармин кој одлично ѝ прилега.

И двете ги воодушевиле фотографите на Модната недела во Милано, а иако имаат сосема различна градба, секоја на најдобар можен начин го претставила својот секси аутфит.


Извесни модни критичари, и покрај убавината на двете жени, забележале една модна грешка на Ешли Греам. Според нивната процена, таа го прекршила застареното модно правило за откривање или нозе или деколте, никогаш и двете. За среќа, модните правила одамна престанаа да важат, а жените како Ешли се водат исклучиво од изборот на облека што им се допаѓа и не се согласуваат со никакви наметнати рамки.


Ешли Греам е една од најпознатите плус сајз модели. Таа секогаш отворено зборува за тоа дека треба да се прифатите себеси, без разлика на обликот на телото и тежината. Таа искрено зборуваше за своите подеми и падови во работата и со килограмите, а особено ги сподели своите искуства по породувањето.

Неодамна Ешли Греам ослабе, а коментарите за таа трансформација беа речиси исти како оние кои ги добиваше во текот на нејзината кариера кога беше плус сајз. „Веќе не си плус сајз, разочарана сум“, „Иста си како другите, бркаш витка линија по секоја цена“, биле само дел од коментарите. И покрај тоа што Ешли споделувала фотографии и видеа од себе од теретана, луѓето теоретизираа дека таа имала операција на гастричен бајпас и дека го користела лекот Оземпик.


Сега во Милано им возвратила најдобро што можела – изгледала никогаш подобро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг