Мусака со похувани тиквички: Викенд ручек кој ќе се изеде за час

Точка

21/09/2024

19:49

972

Големина на фонт

а а а

Оваа вкусна мусака послужете ја додека е топла, со грчки јогурт и некоја сезонска салата.

Потребни состојки:

- 2 големи тиквички (300 гр.)
- 200 гр. мелено месо
- 1 главица кромид
- 1 јајце
- 1 дл. млеко
- 50 гр. кисела павлака
- 100 гр. брашно
- 1 кафена лажичка мелена црвена пиперка
- 1 лажица свеж магдонос
- 1 лажичка свеж копар


Подготовка:

Исечете ги тиквичките. Извалкајте ги во брашно, па во јајца и пржете во длабока маснотија. На ситно исечканиот кромид во тава пропржете го месото и зачинете го со мелена пиперка, сол, бибер и магдонос. Во огноотпорен сад редете ред тиквички, па ред месо. Во друг сад изматете го јајцето со млекото и киселата павлака и додајте копар.

Потоа залејте со смесата врз наредените тиквички со месо и ставете да се пече во рерна околу половина час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг