Најгрдите чевли повторно станаа хит: Сара Џесика Паркер го оживеа стариот моден тренд

Точка

21/09/2024

15:49

5.658

Големина на фонт

а а а

Сара Џесика Паркер се смета за една од најстилизираните актерки во Холивуд, којашто ќе остане запаметена како Кери Бредшо, а нејзините модни изданија се прераскажуваат и децении подоцна.


Кога ќе се појави актерката е често пати во центарот на вниманието, а овој пат така беше поради едно парче облека коешто го носеше.

Сара деновиве се наоѓа на снимањето на продолжението од „And just like that“, а оние коишто се грижат за нејзиниот изглед повторно ги оставија сите без текст. Како и вообичаено, чевлите се многу важен сегмент од животот на Кери Бредшо, а изгледа дека и Сара мисли така.


Таа на сетот се прошета во популарните папучи – „кломпи“, во комбинација со елегантен зелен фустан, под којшто носеше кошула со долги ракави.

Папучите – „кломпи“ можат да бидат особено модерни и тренди доколку се комбинираат со соодветни парчиња облека, па таа од непривлечни чевли почнуваат да заземаат високо место на листата најпопуларни чевли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг