Неопходно е да знаете како да се заштитите себеси. Иако во времето на Сигмунд Фројд поимот токсичност не бил развиен, токму познатиот психијатар бил оној кој развил одреден концепт на одбранбени механизми благодарение на кои ги чуваме нашите вредности и ментално здравје.
За Сигмунд Фројд може да се констатира дека бил пионер во развојот на теоријата на одбранбените механизми. Тој ги дефинирал како несвесни психолошки стратегии кои егото ги користи како би се заштитило од анксиозност предизвикана од непријатни мисли, емоции или надворешни ситуации.
Токму овие механизми му помагаат на поединецот да се справи со внатрешните конфликти и стресот.
Кога говориме за односи со токсични луѓе, одредени механизми можат да станат особено релевантни и важно е да ги научите и да ги усвоите во вашите модели на однесување.
Поставување граници
Фројдовиот концепт „јас“ (его) ја нагласува важноста на јасното чувство за идентитет и границите меѓу себе и надворешниот свет. Оттука, поставувањето емоционални и психолошки граници е клучно за заштита од негативното влијание на луѓето чии намери се да му наштетат на другиот, да предизвикаат срам, да манипулираат, да ја намалат самодовербата и да предизвикаат сомнеж во сопствените позиции и стекнатото знаење.
Соочени со личност која емоционално исцрпува, важно е да бидете свесни за вашите сопствени граници. Она што не сте подготвени да го прифатите, не мора да го правите. Контролата е всушност во ваши раце и во тој момент станувате свесни како туѓото однесување или емоции не смеат да влијаат на вашата внатрешна состојба. Најлесен начин да го направите ова е со јасно изразување на сопствените потреби и ставови, исклучувајќи го внатрешниот критичар и чувството на вина.
2. Сублимација
Сублимацијата е еден од најздравите одбранбени механизми кои Фројд ги опишал. Станува збор за пренасочување на негативните или непожелните импулси во општествено прифатливи или продуктивни активности.
Во односот со токсични луѓе, наместо да се препуштате на гнев, фрустрација или други негативни емоции, канализирајте ги овие негативни емоции во нешто конструктивно. На пример, ако некој ве изнервира, можете да ја насочите таа енергија во уметнички проект, физичка активност или работа на лична цел. Овој пристап помага да се намали стресот и генерално придонесува за вашата благосостојба и личен раст.
3. Рационализација
Овој механизам му овозможува на поединецот да најде логични објаснувања или оправдувања за ситуации кои предизвикуваат непријатност и го зголемуваат стресот, а истовремено го намалуваат емоционалниот притисок и товар.
Употребата на рационализација при работа со токсична личност го намалува нивното влијание затоа што сте многу свесни за вашето знаење и вистина. Ако некој ве критикува, точно ќе знаете што е добронамерно, а што служи само како напад врз вас. Некои мисли и зборови се само туѓа проекција на вас. Тогаш треба да запомните дека тоа не е одраз на вашето однесување и вистинска вредност и дека емотивно се дистанцирате од неоснованата негативност.
Иако Фројд експлицитно не го користел терминот „токсични луѓе“, неговите теории за несвесниот ум и одбранбените механизми, иако стари повеќе од еден век, обезбедуваат моќни алатки за разбирање и управување со таквите односи. Во денешниот контекст, овие концепти може да се применат за лична заштита и емоционална отпорност.
Клучот е да бидете свесни за вашите реакции на токсични луѓе. Одбранбените механизми често делуваат несвесно, така што развивањето свест за тоа како реагирате може да биде првиот чекор за подобро управување со вашите емоции. Разговорот со терапевт секако може да помогне во разбирањето на вашите сопствени реакции на токсични луѓе и развивање стратегии за да се заштитите себе.