Селена Гомез ги подгреала гласините дека таа и нејзиното момче Бени Бланко се вериле.
Пејачката неодамна објавила фотографија на која таа и Бени позираат пред огледало во бањата. „Ноќно излегување“, напишала во описот на објавата, а на прстенот на прстот ставила емотикон со срце.
Обожавателите се убедени дека под емотиконот се крие прстен. „Дали го крие свршеничкиот прстен?“, „Сигурно се верила“, „Го крие прстот. Дали се вериле?“, се нижат коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, Бланко неодамна открил дека сака да основа семејство со Гомез. Тој гостуваше во „The Howard Stern Show“, каде открил дека е подготвен да ја подигне романсата со Селена на повисоко ниво и признал дека „секој ден размислува за тоа да има деца со познатата поп пејачка“.
„Дали сакаш да имаш деца со Селена? Дали ѝ кажа веќе дека сакаш деца?“ прашал 70-годишниот Стерн. „Тоа ни е секогаш тема на разговор, секој ден“, изјавил 36-годишниот Бланко. „Тоа е мојата следна цел. Имам многу внуци, сакам да бидам во друштво со деца“, додал тој.
Пејачката во декември 2023 година потврдила дека е во врска со Бланко шест месеци. Тогаш, таа го нарекла „најдоброто нешто што ѝ се случило“ и изјавила дека се однесувал кон неа „подобро од кое било човечко суштество на оваа планета“. Парот се познава со години бидејќи соработувале со Џеј Балвин и Тејни на песната „I Can’t Get Enough“ од 2019 година.