[ФОТО] Блејк Лајвли ги украде сите погледи во тесниот комбинезон и повторно докажа дека е најраскошната убавица на Холивуд: Креацијата ѝ прилегала божествено

Точка

23/07/2024

11:29

21.750

Големина на фонт

а а а

Блејк Лајвли вчеравечер ги украла сите погледи на премиерата на продолжението „Deadpool & Wolverine“ кога се појавила во тесен бордо комбинезон.

Лајвли пристигнала на премиерата на филмот во кој главната улога ја толкува нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, а заедно со манекенката Џиџи Хадид се појави во облека инспирирана од филмот.

Њујоршката премиера секако ја одбележаа модните изданија на двете пријателки, особено она што го носела Блејк.

Актерката била облечена во бордо комбинезон со потпис на „Versace“ со отворени рамена и украси од црна тантела, а за ваквото издание била инспирирана од ликот на нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс во акциониот блокбастер.


Таа носела високи потпетици во истата нијанса, а изгледот го комплетирала со црна чанта и обетки додека косата ѝ била собрана во висок реп.

Хадид исто така била во комбинација инспирирана од филмот, а носела жолт „Miu Miu“ комплет кој се состоел од топ без прерамки и здолниште со широк ремен. Со низа нараквици и впечатлив ѓердан, Хадид носела и црни потпетици и жолта чанта.

Хју Џекмен и Рајан Рејнолдс, главните ѕвезди на филмот, се појавија во класични црни костуми.